домаМакедонијаЕлка висока 13 метри, декоративен елен, венец и уште стотина светлечки букети...

Елка висока 13 метри, декоративен елен, венец и уште стотина светлечки букети – Градот распиша оглас за новогодишното украсување во Скопје

- Advertisement -spot_img

Eлка висока 13 метри годинава ќе биде поставена на градскиот плоштад, заедно со уште неколку светлосни фигури во различни форми.

Украсувањето на Градот треба да биде завршено на 15 декември, а ќе чини околу 70 илјади евра. За изборот на фирма е распишан оглас.

Од фирмата се бара да постави декоративен светлосен мотив во облик на елен, висок околу четири метри, со декоративен елемент во форма на шеќерна трска на роговите, како и комбинација од топло бело и ладно бело ЛЕД-осветлување со динамични светлосни ефекти.

Предвидена е и светлосна фигура во форма на подарок, висока над шест метри, два 2Д-портала и 3Д-санка со подароци, висока околу два, а широка четири метри, со можност за влез во санката и фотографирање.

Ќе треба да бидат поставени и два 3Д-балона, високи по 3,5 метри, фигура на Дедо Мраз, стотина букети со ЛЕД-осветлување, како и светкав зелен новогодишен венец, покрај кој граѓаните ќе можат да се фотографираат.

Скопје ќе биде украсено и со светилки на канделабрите и со светлосни мразулци.

За разлика од минатата година кога во тендерот беа точно наведени локациите каде ќе се украсува, овој пат тоа го нема во јавниот повик, единствено се споменува дека локациите ќе бидат утврдени во налогот за работа што ќе го добие избраната фирма.

Минатата година Скопје го украсуваше фирмата „Линк медиа плус“, а вредноста на договорот беше ист колку и годинава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img