На 19 октомври, во 14:30 часот, на регионалниот пат во близина на селото Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода 24-годишната Е.Н. од селото Подмочани.
При сообраќајна контрола со радар, полицијата констатирала дека жената управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час, иако со сообраќаен знак брзината на тој дел од патот е ограничена на 50 километри на час.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено.
По целосно документирање на случајот, против жената ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.






