Две години сум надвор од ОЈО ГОКК ќе треба да ги согледам работите, кадровските и техничките капацитети свесен сум дека треба да се зајакне капацитетот на Истражниот центар, рече во Топ Тема на Телма, обинителот Трајче Пеливанов, кој е еден од четворица кандидатите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
Моја идеја е да се формира едно одделение од финансиски експерти кое што ќе помага во тие финансиски истраги да се направат напори да се обезбедат поголеми средства. Да се подигне материјалниот статус и на обвинителите и на сите вработени во тоа обвинителство и секако да се направи една сериозна темелна анализа на сите предмети кои се во тек на постапување. Да се постават некои приоритети на кои предмети да се обрне повеќе внимание и да се помогне во решавањето особено оние кои побудуваат поголем интерес во јавноста, истакна Пеливанов.






