„Ако некогаш поради нечисти оџаци гасневме по стотина пожари во затворен простор, лани имавме триесетина интервенции поради истата причина. Свесноста се зголемува, но проблемот останува“, раскажува командирот на битолската противпожарна единица.
Не страдаат само оџаците, туку и белите дробови на луѓето. „Горењето влажни дрва е еден од најголемите извори на загадување на амбиенталниот воздух“, велат од „Геосфера“.
Добар дел од битолските жители и натаму се греат на дрва.
Со цел да се поттикне редовното одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, да се намалат емисиите на загадувачки материи во воздухот, да се спречи појавата на пожари и да се унапреди безбедноста на домаќинствата, годинава Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџаците.






