домаМакедонијаЌе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на...

Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

- Advertisement -spot_img

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека добило барање од ИНТЕРПОЛ – Скопје за апсење и екстрадиција на Ива Михаилова, против која се води судска постапка во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Во одговорот, бугарските власти се повикуваат на уставните одредби и на Европската конвенција за екстрадиција, нагласувајќи го правото на државата да одбие предавање на свој државјанин. Михаилова има и бугарско и македонско државјанство.

Според соопштението, Судот во Кочани издал потерница на 13 октомври 2026 година. Од бугарското МВР наведуваат дека во моментот на нивното обраќање немало издадена црвена потерница на ИНТЕРПОЛ и дека не биле преземени активности за утврдување на нејзината локација во Бугарија.

Министерството посочува дека бугарски државјанин може да биде предаден за кривично гонење под условите предвидени со ратификуван меѓународен договор. Воедно се повикува на одредбата од Европската конвенција што им дозволува на државите да одбијат екстрадиција на сопствени државјани.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вицепремиерот Александар Николоски изјавија дека очекуваат Бугарија да постапи по потерницата и да ја предаде Михаилова.

Во пренесеното соопштение на бугарското МВР не е наведена конечна одлука за барањето за екстрадиција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img