домаМакедонијаПоштар ќе одговора за несовесно работење во службата – не доставил препорачано...

Поштар ќе одговора за несовесно работење во службата – не доставил препорачано писмо од МОН за конкурс за вработување на наставници

- Advertisement -spot_img

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46 годишен поштар кој не доставил препорачано писмо до вистинскиот примач туку се потпишал во негово имe на листата за доставени пратки..Писмото било од Министерството за образование а во врска со оглас за вработување.

Поради ваквиот пропуст на поштарот, лицето го пропуштило рокот за жалба на конкурсот за вработување на ментор – наставник.

Од МВР не соопштуваат кои се причините за фалсификувањето на потписот и за недоставата на писмото, освен дека против поштарот ќе биде поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата.

„На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор – наставник“, соопштија од МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img