57-годишен маж од Охрид го загуби животот во трагична несреќа откако се превртело кануто со кое управувал во водите на Охридското Езеро.
Несреќата се случила вчера во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот, а случајот бил пријавен во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во 18:30 часот, објави 4news.mk
На местото на настанот веднаш биле упатени полициски екипи и медицински тим од Итната медицинска помош, но лекарот за жал само констатирал смрт кај лицето.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информираше дека увидна екипа направила целосен увид на локацијата, а по наредба на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Повеќе детали за сите околности под кои се случила несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата.






