домаСпортТри грешки на македонските фудбалери – 3:0 за Швајцарија во Луцерн

Три грешки на македонските фудбалери – 3:0 за Швајцарија во Луцерн

- Advertisement -spot_img

Македонската фудбалска репрезентација запиша уште еден пораз во Лигата на Нации откако во 4.коло на гости во Луцерн загубивме од Швајцарија со 3-0, полувреме 1-0.

По првичното одмерување на силите првото возбудување на мечот се случи пред нашиот гол во 10 минута кога Амдуони биеше од далечина но право во рацете на Димитриевски.

Првата шанса ние ја бележиме во 20 минута кога по еден одличен центаршут со глава биеше непрецизно над голот Стојчевски.

Во 28 минута Швајцарците се обидоа со удар од далечина преку Сиеро но неговиот удар заврши преку голот.

Нова закана од домашните стигна во 30-та минута преку Риедер кој имаше извонредна шанса, но Димитриевски одлично интервенираше.

По подолго време и нашиот тим имаше можност.

По една одлична акција ,Барди центрираше од левата страна добро го пронајде Митровски на втората статива, но тој не успеа најубаво да ја зафати оваа топка и шутот заврши над голот на Швајцарија.

Кога сите помислија дека првиот дел ќе заврши без погодоци, кардинална грешка на нашата одбрана (Муслиу) и подарок кој го искористи Риедер во 43-та минута за водство на Швајцарија од 1-0, резултат со кој се замина на пауза по првото полувреме.

Вториот дел стартуваше со нова можност за Швајцарците во 51.минута преку Риедер каде неговиот удар беше изблокиран.

53-та минута Елведи се најде само пред нашиот гол ,шутираше но одново Столе Димитриевски одбрани извонредно и ја исфрли топката во корнер за домашниот тим.

По еден мирен период на двете страни, Швајцарците поведоа со 2-0 откако Манзамби шутираше од далечина, топката се лизна од рацете на Столе Димитриевски и заврши во нашата мрежа.

Нова грешка во одбраната (Гаштаров) не чинеше и трет примен гол. Стрелец за 3-0 за Швајцарија беше Ндоје во 81-та минута.

Со крајот на оваа издание на Лигата на Нации, нашата селекција ја очекуваат уште две средби во ноември и тоа против Шкотска во гости и на домашен терен ја пречекуваме Словенија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img