Не се намалуваат уплатите во казината, автомат клубовите и обложувалниците, иако веќе течат роковите за нивна дислокација подалеку од образовните институции.
Податоците од Управата за јавни приходи покажуваат дека во првата половина годинава македонските и странски државјани уплатиле скоро 1,6 милијарди евра, а најмногу се игра на автоматите.
Приредувачите на игри на среќа велат дека дислокацијата нема да донесе ништо друго освен што ќе отвори пат за нелегално коцкање.






