домаМакедонијаДржавен стан на рати до 30 години, за примателите на социјална помош...

Државен стан на рати до 30 години, за примателите на социјална помош само закуп

- Advertisement -spot_img

Приходите на домаќинството би одредувале дали долгогодишните корисници на државни станови ќе можат да станат нивни сопственици или ќе продолжат да живеат под закуп. Предлог-измените на Законот за домување предвидуваат примателите на социјална или постојана парична помош да имаат право само на закуп, без плаќање закупнина додека го имаат тој статус.

За другите приходни категории се предвидува можност за откуп или закуп, доколку ги исполнуваат законските услови. Станува збор за регулирање на статусот на постојни корисници, а не за општ повик за купување државни станови.

Предлогот отвора нов рок до 31 декември 2027 година за поднесување барања. Меѓу опфатените се корисници со акт или договор за користење на стан донесен пред 16 мај 1998 година, како и одредени членови на семејствата што продолжиле да живеат во станот по смртта на носителот на правото.

За домаќинствата со ниски приходи, до една и пол просечна нето-плата, предложената месечна закупнина е 25 или 35 денари за квадратен метар, зависно од висината на приходите. За оние со приходи меѓу една и пол и две и пол просечни нето-плати, таа би изнесувала 62 или 95 денари по квадрат.

Највисоката закупнина, од 190 денари за квадратен метар, е предвидена за домаќинствата со приходи над две и пол просечни нето-плати. За стан од 60 квадрати, тоа би значело 11.400 денари месечно. За истата површина, најниската предложена закупнина од 25 денари би изнесувала 1.500 денари.

Откупот би можел да се плаќа на најмногу 360 месечни рати, односно во период до 30 години, со фиксна годишна каматна стапка од четири отсто. Но почетното учество не би било исто за сите: најмалку пет отсто од вредноста на станот за категоријата со ниски приходи, 20 отсто за средната и 30 отсто за највисоката приходна категорија.

Самото долгогодишно живеење во станот не е доволно за добивање право на закуп. Меѓу условите се македонско државјанство, постојано живеалиште во соодветната општина и користење на станот пред 13 август 2009 година. Се проверува и дали корисникот и членовите на домаќинството поседуваат стан, куќа, викендичка или деловен простор, односно користат друг државен стан или деловен простор.

Предлогот предвидува и присилно иселување во определени случаи на неисполнување на условите или непочитување на роковите и постапката. Затоа продолжувањето на рокот би било можност за регулирање на станбениот статус, но не и автоматска гаранција за откуп или останување во станот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img