домаМакедонијаТерапијата за цистична фиброза достапна и за деца од двегодишна возраст

Терапијата за цистична фиброза достапна и за деца од двегодишна возраст

- Advertisement -spot_img

Терапијата за цистична фиброза достапна и за најмладите пациенти. Првпат ќе ја добиваат и децата од двегодишна возраст, како и лицата со ретки генетски мутации. Со проширување на третманот – сите 126 медицински оправдани пациенти ќе бидат опфатени со терапија.

„Сега ќе се вклучат и најмалите, многу ни беше важно да се вклучат и тие. Ние возрасните кои бевме во првата група имавме чувство на должност дека со сите треба да се заврши работата“, изјави Фики Гаспар – Асоцијација за цистична фиброза.

Останува предизвикот за следење на здравствената состојба на возрасните пациенти со цистична фиброза – се бара системско решение, наместо да останат на Детската клиника.

„На пример, во Бугарија возрасните пациенти сè уште ги води детски пулмолог, меѓутоа како што бројот на возрасни пациенти ќе се зголемува, мислам дека треба да најдеме малку поинакво решение. Секако и болницата во Козле е едно од местата што ќе ги истражиме“, изјави Сашо Клековски – министер за здравство.

Во процес на регистрација е нов лек за цистична фиброза, кој според најавите на Министерството за здравство треба да почне да се употребува следната година. Неговата предност е за пациентите со повеќекратни мутации кај кои лекот Трикафта не ги дава целосните резултати.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img