Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили целосно го напуштиле Ирак, нарекувајќи го тоа „одличен ден за Америка“ и истакнувајќи дека Ирак сега има „одличен нов премиер“, Али Ал Заиди.
Трамп изјави на својата социјална мрежа True Social дека „го поддржува Ал Заиди од самиот почеток“ и дека тој победил „со убедливо мнозинство на изборите“.
„Операцијата „Inherent Resolve“ започната во 2003 година за време на мандатот на Џорџ В. Буш, продолжи под администрацијата на Барак Хусеин Обама во 2014 година и под „поспаниот“ Џо Бајден, а завршува во 2026 година под водство на претседателот Доналд Џ. Трамп. Овој ден претставува победа за Соединетите Американски Држави, победа за Ирак и одлучувачка победа над Исламската држава (ИС), која беше целосно десеткувана од администрацијата на Трамп за време на првиот мандат, заедно со други многу лоши и опасни актери“, рече Трамп.
Според него, за разлика од Авганистан, каде што американските сили оставија зад себе големи количини оружје и каде што загинаа 13 американски војници, повлекувањето на американските трупи од Ирак беше „уредно“ и претставува „крај на скапо патување во пеколот“.
„Имав избор: да останам или да си одам; и без никакво сомнение мислев дека е време Америка да се врати дома! Премиерот ал-Заиди е извонреден и се надевам дека ќе може многу добро да се справи со ситуацијата. Дојдовме да се бориме против калифатот. Калифатот го снема. Се враќаме дома“, напиша Трамп.






