Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 557-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и разгледување и усвојување на тримесечните извештаи за работа на судовите за периодот април-јуни 2026 година.
На дневен ред е и усвојување на извештај по објавен оглас за избор на претседатели на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе.
Судскиот совет ќе треба да го разгледа и извештајот на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и Основен суд Струга.
Пред Судскиот совет ќе се најде и извештајот од работна посета на Основен кривичен суд Скопје.
На дневен ред на денешната седница се и избор и разрешување на судии-поротници, како и расправа и одлучување по извештаите за констатирана состојба.






