домаМакедонијаПониска инфлација и раст на БДП, но граѓаните сè уште тешко го...

Пониска инфлација и раст на БДП, но граѓаните сè уште тешко го минуваат месецот

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски ги истакна позитивните економски показатели – раст на БДП од 4,3% во вториот квартал и годишна инфлација од 2,6% во август, што е пониско од просекот на ЕУ (3,2%). Според него, ова е охрабрувачки сигнал за економијата, но признава дека граѓаните допрва треба поосетно да ги почувствуваат придобивките преку повисоки плати.

Економските аналитичари и податоците од терен, сепак, укажуваат дека пониската инфлација не значи и намалување на цените, туку само нивно побавно покачување, објави 4news.mk

Инфлацијата ја мери брзината на растот, а не нивото на цените. Претходните поскапувања остануваат товар за семејните буџети.

Виктор Митевски од ЗМАИ нагласува дека граѓаните плаќаат цени, а не проценти. За семејствата со ниски примања, каде што храната зафаќа најголем дел од буџетот, забавувањето на инфлацијата не значи и поевтин живот.

Според ССМ, синдикалната минимална кошница во септември достигна 69.432 денари (за храна се потребни 25.259 денари), што е зголемување за над 4.300 денари во споредба со истиот месец лани. За четиричлено семејство под кирија, трошоците надминуваат 84.000 денари.

Иако просечната нето-плата во јули изнесуваше 48.499 денари (реален раст од 4,7%), јазот меѓу примањата и трошоците останува голем за категириите со најниски приходи.

Растот на економијата и забавувањето на инфлацијата се добри показатели, но вистински подобрен животен стандард ќе има дури кога економскиот напредок ќе резултира со реално поголема куповна моќ на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img