домаТехнологијаApple загуби патентен спор за хаптичката технологи во iPhone вреден 5,7 милијарди...

Apple загуби патентен спор за хаптичката технологи во iPhone вреден 5,7 милијарди долари

- Advertisement -spot_img

Сојузна порота во САД пресуди дека Apple ненамерно ги повредил патентите на компанијата Taction Technology со вградувањето вибрациска технологија во iPhone и Apple Watch, но од Apple најавуваат жалба.
Сојузниот суд за Јужниот округ на Калифорнија во Сан Диего, кон крајот на минатата недела донесе пресуда според која Apple мора да ѝ плати на компанијата Taction Technology отштета во износ од повеќе од 5,7 милијарди долари.

По дводневно советување, поротата утврди дека Apple неовластено користел патенти на Taction кои се однесуваат на технологија заснована на вибрации. Станува збор за патенти што опишуваат хаптички уреди за производство на нискофреквентни вибрации што можат да се почувствуваат преку допир.

Тужбата директно се однесува на механизмот Taptic Engine на Apple, систем кој им овозможува на корисниците тактилни повратни информации за симулирање физички дејства, како што е притискање копче.

Поротата заклучи дека Apple ги повредил патентните права, но утврди дека прекршувањето не било намерно. Адвокатот на компанијата Taction изрази задоволство од пресудата, истакнувајќи дека неговиот клиент чекал пет и пол години за почетокот на судењето.

Од друга страна, претставниците на Apple нагласија дека се противат на ваквата пресуда и на досудениот износ на отштета, останувајќи на ставот дека одлуката нема никаква основа во фактите.

Според нив, Taptic Engine концепциски се разликува од технологијата на Taction, што го потврдиле и тестирањата на самата компанија Taction во текот на доказната постапка.

Долгогодишен судски процес
Правниот спор започна во 2021 година, кога Taction поднесе тужба против Apple. Иако надлежниот судија во првостепената постапка ја отфрли тужбата во 2023 година, Федералниот апелациски суд за патентни прашања минатата година ја поништи таа одлука и повторно ја отвори постапката.

Апелацискиот суд тогаш пресуди дека првичното отфрлање на тужбата се засновало на непишан услов со кој неправилно му било оневозможено на Taction да користи одредени искази од вештаци, со што се овозможило продолжување на судењето – кое на крајот доведе до оваа пресуда.

Од Apple останаа на ставот дека не ја користат спорната технологија и најавија дека ќе поднесат жалба на оваа пресуда.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img