Четиринаесетгодишниот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал на 19. Јуниорска Балканска Олимпијада по информатика, која од 22 до 28 септември се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
Илијоски настапи како дел од јуниорската репрезентација на Македонија, во конкуренција на 55 натпреварувачи од 13 земји. Освојувањето на медалот претставува уште еден значаен меѓународен успех за младиот информатичар од Кичево.
За Илијоски ова е трет интернационален медал за македонската репрезентација во текот на оваа година. Претходно освои бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада во Бузау, Романија, како и бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Каунас, Литванија.
Неговите резултати се продолжение на успешната година во која Илијоски настапува на меѓународни натпревари од областа на математиката и информатиката.






