домаРегионЕксплозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

- Advertisement -spot_img

Во центарот на Атина дошло до експлозија по која дел од една зграда се урнал, соопшти грчката противпожарна служба.

Локалните медиуми објавија дека едно лице е полесно повредено. Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на гас, а била толку силна што се слушнала низ централното градско подрачје.

Противпожарната служба соопшти дека од објектот спасила жена.

Зградата се наоѓа во Плака, една од најстарите населби во Атина и едно од најпосетените туристички подрачја во грчката престолнина.

На местото на настанот интервенираат пожарникари, а околностите под кои дошло до експлозијата дополнително се утврдуваат.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img