домаМакедонијаДЗР за безбедноста на производите: Недостаток на инспекции и проверка на квалитет...

ДЗР за безбедноста на производите: Недостаток на инспекции и проверка на квалитет во странски лаборатории

- Advertisement -spot_img

Недоволен број инспектори, проблеми со дигитализацијата, неправилности при распоредувањето на вработените и слабости во финансиското и материјалното работење, непопишани градежни објекти и лиценци, неевидентирани залихи, службени возила со нејасен статус – ова се само дел од наодите во најновиот ревизорски извештај за Државниот пазарен инспекторат. Ревизија утврди неправилности и неусогласености во работењето на Пазарна Инспекција.

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА: Во 2024 година ДПИ реализирал 28.263 инспекциски надзори, од кои 21.108 редовни, 5.106 вонредни и 2.049 контролни надзори. Надзорите ги спроведувале 148 инспектори, односно 47% од вкупно 313 систематизирани работни места за инспектори.

Во текот на 2024та биле донесени 19 решенија за распоредување административни службеници на инспекторски места, без претходно да бидат обезбедени средства во буџетот. Распоредувањата не биле предвидени ниту во Годишниот план за вработување. Од 19 лица, 17 биле распоредени како кандидати за инспектори без лиценца, а две лица како лиценцирани инспектори со право на додаток на плата.

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА: Дополнително, пет одделенија немаат раководител, што упатува на потреба од екипирање на раководните работни места. Во делот на условите за работа, ревизијата утврди дека ДПИ не располага со објекти за чување на предметите одземени при вршењето на инспекцискиот надзор, до нивното предавање во Агенцијата за управување со одземен имот. Ваквата состојба создава ризик од несоодветно чување и постапување со предметите, субјективно постапување, како и евентуални загуби со финансиски последици за институцијата.

Пропусти се констатирани и во материјалното работење. Пописот на средствата и обврските не бил целосно спроведен. Во материјалната евиденција не биле внесени ниту набавки со вкупна вредност од околу 2,15 милиони денари. Иако по преземањето на Инспекторатот во состав на Министерството за економија и труд бил предвиден вонреден попис, сепак до денот на ревизијата истиот не бил реализиран. За надминување на утврдените слабости, ревизорите препорачуваат зголемување на човечките ресурси, воспоставување електронски регистри и информациски систем за инспекцискиот надзор, подобрување на финансиската и материјалната евиденција и унапредување на инспекциските постапки.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img