домаМакедонијаДемографското празнење на земјава со конкретна потврда на терен – недостигот на...

Демографското празнење на земјава со конкретна потврда на терен – недостигот на деца ги затвори училиштата

- Advertisement -spot_img

Она за што одамна предупредуваат демографските анализи и официјалната статистика, во струшкиот регион веќе е сурова реалност. Училишните врати во селата Богојци, Поум, Џепин и Нерези оваа есен останаа заклучени. Бројките се повеќе од поразителни – во Нерези немало ниту едно дете, во Богојци и Поум по три, а во Џепин само четири ученици.Внатре не заѕвони училишното ѕвонче, ниту пак имаше минимални услови да се оформи барем една комбинирана паралелка. Овој пример е само микро-слика на загрижувачките демографски трендови во државата, поради кои руралните средини во континуитет ги губат своите жители.За Муштеба Велиу, кој цели 42 години работел во едно од овие училишта, сликата е нереално тажна. Повеќе од четири децении тој се грижел за одржувањето на објектот, а овој месец заминува во пензија – токму во периодот кога и училиштето засекогаш ги затвори вратите.

Затворањето на објектите донесе и нов социјален удар. Околу 35 наставници и друг образовен кадар останаа без договори за работа. Се работи за лица кои со години беа ангажирани со договори на дело, но со исчезнувањето на учениците, го снема и основата за нивниот ангажман.​Од локалната самоуправа посочуваат дека законски нема можност за формирање класови без минимален број деца, ниту пак за продолжување на хонорарните договори. Преостанатите неколку ученици од овие села сега мора секојдневно да патуваат до најблиските централни училишта.

Сликата од Струшко е само уште една потврда дека демографската криза повеќе не е статистика на хартија, туку реалност што ги празни македонските села, ги затвора училиштата и остава голем број просветни работници без егзистенција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img