Ненад Димитријевиќ уште еднаш ја покажа својата класа. Имено попладнево на последниот контролен меч на неговиот Арис, во пресрет на стартот на сезоната, Македонецот одново беше еден од најдобрите во тимот на Василис Спанулис. Нено против Бахчешехир беше двоцифрен, постигна 13 поени, сепак и тоа не беше доволно за победа. Противникот славеше со 88:84.
Колку за потсетување, Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис својата нова сезона ќе ја отворат на 22 септември и тоа во Еврокупот протв францускиот Ле Ман.
Од она што може да се анализира за Нено и неговите настапи на овие подготвителни мечеви, јасно е дека тренерот Спанулис во него има голема доверба и очекува македонскиот репрезентативец да му биде главна алка во тимот.






