Уште една година на демографски пораз.Статистичките податоци за првите два квартали од годинава покажуваат значителен пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст во речиси сите општини во државава.
Според податоците од Државниот завод за статистика, на крајот од второто тримесечје најголем дел од општините бележат повеќе починати отколку родени лица.Во второто тримесечје од 2026 година, бројот на живородени деца во земјава изнесува 3.684, што е пад од 3 проценти во споредба со истиот период минатата година. Природниот прираст на ниво на државата е негативен и изнесува минус 1.005 лица.,,Најдлабок негативен природен прираст е регистриран во Битола со минус 118. Следуваат Аеродром со минус 62, Куманово и Прилеп со по минус 59, Гостивар и Кочани со по минус 58, Велес со минус 57 и Охрид со минус 51. Дури и во главниот град Скопје природниот прираст е во минус со 36 лица.
За разлика од нив, раздвижување во позитивна зона во вториот квартал има во Тетово, каде се регистрирани 44 повеќе родени од починати, како и во Струга со позитивен прираст од 20.
Во Тетово бројот на родени деца од 1.025 во 2021 година падна на 822 во 2025 година. Сличен пад бележи и Куманово – од 1.011 на 829 деца, како и Гостивар, Струга и Кичево. Стабилни бројки без поголеми промени се забележани единствено во скопски Чаир и Арачиново.Сепак, петгодишниот тренд покажува поразителна слика. За првпат во 2025 година, бројот на живородени деца во државата се спушти под 16.000.
Природен прираст за втор квартал од 2026 година:
-Скопје -36
-Битола -118
-Аеродром -62
-Куманово -59
-Прилеп -59
-Гостивар -58
-Кочани -58
-Велес -57
-Охрид -51
2021 година – 2025 година
-Тетово 1 025 – 822
-Куманово 1 011- 829
-Чаир 873 – 833
-Сарај 618- 575
-Гостивар 583 -440
-Струга 543- 474
-Кичево 368 -277
-Арачиново 254 -240
-Дебар 169 -148
Експертите посочуваат дека ваквите поразителни бројки се резултат на повеќе фактори меѓу кои одложувањето на формирањето семејство поради економски причини, како и општите стареења на населението.Но според поранешниот директор на Завод за статистика Апостол Симевски најголемата причина за овие состојби се миграциите.
Статистиката јасно алармира дека без конкретни мерки за поддршка на младите и демографска стратегија, земјава ќе продолжи да губи цели генерации кои долгорочно ќе предизвикаат намалување на ученичките клупи и празнење на населените места.






