домаМакедонијаШверц на недозволени препарати за зголемување на потенцијата - осумина осомничени

Шверц на недозволени препарати за зголемување на потенцијата – осумина осомничени

- Advertisement -spot_img

Производи во форма на гелови, пасти, мед и чоколади како и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенција – се дел од запленетите лекови кои биле нелегално шверцувани заедно со лекови за повеќе болести, но и големи количини на цигари.

Пронајдени се и 30 000 канадски долари, 35 000 астралиски долари, 12 950 евра, 60 000 денари. При акцијата на ОЈОГОКК и МВР, осомничените се опфатени за повеќе кривични дела. Во периодот од 2024 до 2026 година првоосомничениот, избегнувајќи ја царинската контрола, пренесувал непријавени акцизни стоки-цигари. Во криумчарењето му помагале повеќе осомничени, меѓу кои и царински службеник кој детално го информирал овозможувајќи непречено пренесување на стоката. Сериозен дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи.

„Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања, невролошки и психијатриски состојби, ревматолошки и автоимуни заболувања, заболувања на дишните патишта и воспалителни заболувања на цревата, како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и „KAMAGRA oral jelly“, кој се издава со лекарски рецепт, како и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.“

Причинета е штета на државниот Буџет по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето. Истрагата опфаќа и поткуп на ЦИ Богородица.

„На првоосомничениот му се става на товар и Перење пари и други приноси од казниво дело, бидејќи постои основано сомнение дека ги прикривал паричните средства стекнати со криминалните активности со цел да го сокрие нивното потекло. При претресите извршени во рамки на вчерашната акција, во две метални сеф-каси скриени во спуштен плафон во неговиот дом биле пронајдени 86.200 евра и 16 плочки со златна боја. Во неговото возило дополнително биле пронајдени 6.465 евра и 62.000 денари. Со паричните средства пронајдени при претресот во јануари, во двата претреса кај првоосомничениот се пронајдени значителни износи готовина во повеќе валути, како и златни плочки.“

За тројца од омичените Обвинителството бара определување мерка притвор, додека за тројца предложи мерки на претпазливост. Двајца осомничени во моментов се во бегство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img