Четириесет и шестгодишен македонски државјанин бил уапсен во саботата на граничниот премин Евзони при влез во Грција, по европска потерница распишана од италијанските власти.
Според информациите објавени во грчките медиуми, Италија го бара 46-годишникот за издржување казна поврзана со трговија со 35 килограми кокаин.
Случајот датира од 2007 година, кога дрогата, според наводите во потерницата, преку Шпанија била пренесена до Неапол.
Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, по што треба да започне постапката за негово екстрадирање во Италија.






