домаМакедонијаВо сообраќајка во Италија загина 31-годишен маж со потекло од Македонија

Во сообраќајка во Италија загина 31-годишен маж со потекло од Македонија

- Advertisement -spot_img

Триесет и едногодишен маж, со македонско потекло, го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Ортона, во италијанскиот регион Абруцо.

Според информациите објавени попладнево од италијанските медиуми, загинатиот е Стефан Ѓ. (31), со македонско потекло, кој живеел во Ортона.

Несреќата се случила околу 7:15 часот на државниот пат 16. Стефан управувал со автомобил „фолксваген голф“ кога, од засега непознати причини, изгубил контрола над возилото.

Автомобилот излетал од патот и удрил во армирано-бетонски потпорен ѕид. Од силниот удар, 31-годишниот маж починал на самото место.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img