домаМакедонијаМисајловски во Словенија на средба со дијаспората и на министерски состаноци

Мисајловски во Словенија на средба со дијаспората и на министерски состаноци

- Advertisement -spot_img

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во работна посета на Словенија, каде што ќе учествува на состаноците на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS.

-Секоја посета има посебна вредност кога ќе се сретнете со Македонците во дијаспората, кои и далеку од Македонија со љубов ги чуваат нашиот јазик, вера, традиција и нераскинливата врска со татковината. Токму затоа ми беше особена чест утрово, на покана на Македонската православна црковна општина „Света Троица“ од Крањ и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ – Крањ, да присуствувам на Светата литургија и осветувањето на новата црковна канцеларија при Македонската православна црква „Света Троица“ во Крањ, напиша на Фејсбук министерот Мисајловски.

Според него, овој свечен настан е уште еден силен доказ за нераскинливата врска со македонските корени што Македонците со гордост ги чуваат и негуваат, каде и да се наоѓаат во светот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img