домаШоубизФестивал на граѓанските организации во Градски парк: квизови, работилници, дебати и музика

Фестивал на граѓанските организации во Градски парк: квизови, работилници, дебати и музика

- Advertisement -spot_img

Градскиот парк во Скопје на 3 октомври ќе стане место за средба на граѓанските организации, младите и граѓаните во рамки на Фестивалот на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“. Настанот ќе се одржи кај фонтаната „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев, со низа интерактивни активности, дебати и музичка програма.

Посетителите ќе можат да учествуваат во квизови, интерактивни работилници и игри за млади, но и да посетат изложби, дебати и презентации на граѓански организации. Од Цивика мобилитас велат дека фестивалот е можност граѓаните директно да се запознаат со работата на организациите, да разговараат со нив, да предложат идеи и да се вклучат во нивните иницијативи.

Во рамки на фестивалот, на истото место и во исто време, свој настан ќе одржи и Слоу Фуд Водно. Посетителите ќе имаат можност да ги поддржат локалните производители преку дегустација и купување локална, здрава и одржлива храна. Конечната агенда и дополнителните информации за фестивалот ќе бидат објавени на веб-страницата на Цивика мобилитас.

Граѓанските организации што сакаат директно да учествуваат на фестивалот треба да се пријават најдоцна до 25 септември. Фестивалот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img