домаМакедонијаУбивањето дивокози и пиењето на нивната крв не спорт, итно да се...

Убивањето дивокози и пиењето на нивната крв не спорт, итно да се направи истрага, бара „Анима Мунди“

- Advertisement -spot_img

Снимките од Маврово на кои се прикажува убивање дивокози, а потоа се пие крв од убиено животно, не се само вознемирувачки, туку претставуваат срамна слика за тоа до каде може да стигне човечкото понижување на животот кога природата ќе биде обезвреднета, реагираат од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ по објавувањето на снимките од странски ловци кои ловат дивеч во Националниот парк „Маврово“.

Видеото од ловот во Маврово е објавено на „Јутјуб“ под наслов „Лов на дивокози од светска класа во планините на Македонија“.

„Анима мунди“ најостро го осудува ваквиот однос кон животните. Ова не е никаков спорт, не е авантура, а најмалку љубов кон природата. Нема ништо нормално во убивањето диво животно за забава, трофеј или комерцијален интерес. Нема ниту едно оправдување животот на едно слободно суштество да биде сведен на мета, триумф или некаков адреналин“, велат од здружението.

Од „Анима мунди“ изразуваат силна поддршка за сите еколошки здруженија кои бараат итно институционално постапување и вистинска заштита на Маврово.

Од здружението сметаат дека е потребен итен мораториум на активностите што можат да ги загрозат природните вредности на подрачјето, како и целосна истрага за случувањата.

„До Владата, до надлежните институции и до сите политичари кои со гордост зборуваат за природните убавини на Македонија: ја сакате ли сопствената земја? Зашто љубовта кон земјата не се докажува со знамиња, говори и патриотски пораки. Се докажува кога ќе ја заштитите нејзината шума, нејзината река, нејзиниот биодиверзитет и нејзиниот див свет“, велат од „Анима мунди“.

Оттаму додаваат дека заштитата на природата се покажува и со тоа што нема да се дозволи националните паркови да станат ловечки терени, а заштитените животни да бидат прогонувани и убивани.

„Како ја сакате ако дозволувате природното богатство што им припаѓа и на идните генерации да се празни пред нашите очи? Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци. Маврово не е ничиј трофеј. Дивите животни не се плен. Природата не е на продажба. Заштитеното животно не е ресурс – тоа е живот, а неговото незаконско убивање е загуба за целата земја“, велат од „Анима мунди“.

Тие бараат надлежните институции итно да постапат и да спроведат целосна истрага со која ќе се утврди одговорноста за случувањата, како и воведување мораториум сè додека не се воспостави вистинска и ефикасна заштита на Националниот парк „Маврово“.

За убивањето дивокози во Маврово, кое на снимките е прикажано како адреналински спорт, веќе реагираа и неколку еколошки здруженија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img