домаХроникаСтоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од 23-годишна пациентка

Стоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од 23-годишна пациентка

- Advertisement -spot_img

23-годишна тетовчанка пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.

Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал.

Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Жената навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина.

Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img