домаСветВо Мароко е уапсен еден од најбараните бегалци во Европа – регрутирал...

Во Мароко е уапсен еден од најбараните бегалци во Европа – регрутирал деца за бомбашки напади

- Advertisement -spot_img

Шведскиот државјанин Али Намдар (21), идентификуван како клучна фигура во озлогласената криминална мрежа „Фокстрот“, е уапсен во Мароко. Тој се соочува со обвиненија за 18 кривични дела, вклучувајќи обид за убиство и бомбашки напади, а Шведска веќе се подготвува за негова екстрадиција.

Али Намдар, 21-годишен шведски државјанин и еден од најбараните криминалци во Европа, е уапсен во Мароко.

Истражителите го сметаат за клучна фигура во криминалната мрежа „Фокстрот“; меѓу другото, тој е обвинет за регрутирање малолетници за вршење тешки насилни кривични дела.

Мароканската полиција го уапси Намдар во средата во пристанишниот град Тангер. За него беше издадена меѓународна потерница од Интерпол, а тој се наоѓаше и на листата на Европол за „најбарани бегалци во Европа“.

Шведските истражители го сметаат за стратешки важна фигура во оваа криминална мрежа, која наводно од Мароко координирала дела на тешко насилство во Шведска.

Листата на обвиненија против Намдар е долга – тој се соочува со вкупно 18 кривични пријави, вклучувајќи обид за убиство и бомбашки напади, поради што во Шведска против него се издадени неколку потерници, пренесува „Блувин“ (Bluewin). Особено тежок случај е забележан минатиот ноември, кога Намдар бил обвинет дека убедил 12-годишно девојче и 17-годишно момче да постават активни рачни бомби во шведскиот град Борос.

Според медиумските извештаи, тој директно го регрутирал малолетниот девојче да поставува експлозив, додека неговиот адвокат категорично ги негира овие обвинувања.

Што претставува мрежата „Фокстрот“?

„Фокстрот“ е озлогласена криминална мрежа составена од дилери на дрога, шверцери на оружје и платени убијци. Од 2022 година, британските медиуми ја поврзуваат групата со околу 35 убиства низ Европа.

Шведските власти ја обвинуваат мрежата за насочено и систематско регрутирање малолетници, кои се користат за вршење пукања, поставување експлозивни направи или како курири. Се верува дека групата има силно влијание и надвор од Шведска – во Норвешка, Данска и Обединетото Кралство – а исто така постојат сомневања дека планирала напади врз противници на иранскиот режим, како и врз израелски и еврејски институции.

Екстрадицијата би можела да потрае со месеци

По апсењето во Мароко, Намдар се наоѓа во притвор во очекување на екстрадиција. Иако шведските власти сакаат тој да биде вратен што е можно поскоро и веќе подготвуваат официјална постапка, надлежната обвинителка Хелен Гестрин не очекува брз трансфер.

Врз основа на досегашното правно искуство со слични случаи, целиот процес на екстрадиција би можел да потрае неколку месеци, преесе Н1 БиХ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img