домаМакедонијаНе е утврдено како секој од осудените влијаел врз несреќата кај Ласкарци

Не е утврдено како секој од осудените влијаел врз несреќата кај Ласкарци

- Advertisement -spot_img

Врховниот суд го објави образложението за укинување на пресудата на Апелациониот суд за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица.

Според Врховниот суд, Апелација не одговорила на сите клучни жалбени наводи и не дала конкретно образложение како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност.

Вештачењата како причина за несреќата посочиле пропуст на возачот, но ја нотирале и неуредната техничка состојба на автобусот. Сепак, според Врховниот суд, не било објаснето во која мера неисправноста придонела за несреќата, ниту како дејствијата на останатите осудени биле поврзани со нејзиното настанување.

Врховниот суд утврдил и дека не биле доволно разгледани приговорите за начинот на водење на постапката, меѓу кои и барањето за супервештачење на здравствената состојба на возачот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img