Придружуван од својот адвокат, првообвинетиот, Препарим Бајрами, за злоупотребите во Државната лотарија седна на обвинителна клупа. Во истиот ред седи и Артан Груби на чие лице и овој пат не остана незабележана неговата насмевка.
За Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор. На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.






