домаМакедонијаПродолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

Продолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран

- Advertisement -spot_img

Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј – Струмица”, археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам.

Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа.

– Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. – се вели во објавата на НУ „Завод и музеј – Струмица”.

Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие.
Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img