Не одам на работа и секој ден следам часови со моите ќерки близначки кои имаат аутизам, а немаат образовен асистен – ова е животната приказна на Мартина Младеновски, која заради спората реакција на надлежните, работното столче морала да го замени со училишна клупа.
„Јас сум им мајка и ќе направам се што треба за нив, меѓутоа јас не сум замена за образовен асистент. Треба да имаат соодветна поддршка и тоа е она што јас го говорам цело време. На овие деца им е многу важно да имаат континуитет, поддршка и едно исто лице кое ќе работи со нив“, рече Мартина Младеновски, мајка на близначки.
Овие девојчиња годинава за првпат седнаа во училишните клупи во основното училиште „Братство“. Тие го прифатиле веднаш училиштето. Мајка им раскажува дека немаат проблем да станат рано, да се подготват и да одат на настава.
Но, клучниот проблем е што таму нема образовен асистен за да работи со нив, па на часовите се навикнати да седат со мајка им, која стравува дека откако ќе добијат асистент нема да го прифатат, бидејќи се навикнале на оваа рутина.
Додека родителите се принудени да се откажат од своите кариери за да се посветат на своите деца со потешкотии во развојот, од МОН бараат повеќе време и трпение од семејствата. Министерката за образование Весна Јаневска тврди нема ниту едно дета да остане без образовен асистент.
„Јас бројот на образовни асистенти постојано го повторувам и 1348 асистенти за основните училишта и 166 во средните. Има дополнителни барања за образовните асистенти и конкурсот завршува утре“, вели Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Од Минитерството за образование сметаат дека до крајот на месецот ќе се реши проблемот со недостиг на образовни асистенити. Во тек тек е ниовниот избор, но ќе мора да поминат и кратка обука, пред ад бидат распределени во училиштата.






