домаМакедонијаЕдна милијарда евра од буџетот ќе бидат потребни за исплата на пензиите...

Една милијарда евра од буџетот ќе бидат потребни за исплата на пензиите – за опозицијата ПИОМ станува неодржлив, а за власта фондот е стабилен

- Advertisement -spot_img

Дупката во пензискиот фонд се искачи на 1 милијарда евра, а исплатата на пензиите е во ризик, обвинува опозициската СДСМ. За помалку од две години ги зголемивме пензиите за 7000 денари, пензискиот фонд е стабилен, а опозицијата создава хистерија и паника, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата обвинува дека власта нема план до кога ПИОМ ќе зависи од буџетот, и прашува како може да гарантираат дека пензиите ќе се исплаќаат на време.

„Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра. Тоа се огромни пари, над 14% од целиот буџет. Во ризик е исплатата на пензиите. ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост. ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украдат пари од граѓаните, сè друго растураат“, вели Јована Тренчевска од СДСМ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори дека сите држави во Европа префрлаат буџетски пари во пензискиот фонд, но оти во СДСМ не разбираат економија.

„Во однос на хистеријата и паниката која ја создаваат СДС и Тренчевска дека примањето на пензиите е ставено под знак прашалник, имаме лоша вест за нив, а добра за граѓаните, апсолутно пензискиот фонд е стабилен, а на СДС и Тренчевска им е криво што денес пензионерите добиваат 7000 денари покачување, додека во нивно време истото беше 180 денари. Дополнително, пензиите ќе бидат легнати на сметките на пензионерите секој први во месецот“, одговори ВМРО-ДПМНЕ.

Дупката во пензискиот фонд е проблем кој се провлекува со децении. Во пензискиот фонд не се прибираат доволно пари, па секоја година над една третина од парите за пензии доаѓаат од државниот буџет. Лани од буџетот беа префрлени скоро 900 милиони евра, а годинава се планираат 1 милијарда евра за пополнување на дупката.

Во Македонија има скоро 572 илјади вработени и над 350 илјади пензионери, односно 1 пензионер на 1,63 вработени. Во 2016 и 2017, дупката во пензискиот фонд беше околу 43 отсто, но постепено се намалуваше до 33 отсто во 2023. Со зголемувањето на пензиите на два пати по 2500 денари и два пати по 1000 денари, повторно надмина 41 отсто.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img