домаМакедонијаЛевица: Владата им дава поволни кредити на винарниците додека лозарите се соочуваат...

Левица: Владата им дава поволни кредити на винарниците додека лозарите се соочуваат со проблеми со откупот

- Advertisement -spot_img

Левица ја обвини Владата дека со најавените поволни кредитни услови за винарските визби им излегува во пресрет на големите откупувачи, додека лозарите и натаму се соочуваат со неизвесен пласман, ниски откупни цени и одложена исплата на грозјето.

Од партијата посочуваат дека преку Развојната банка за откуп на вранец и оризова арпа се предвидени 793,48 милиони денари, од кои 553,48 милиони денари за вранец. Според најавените услови, грејс-периодот за кредитите на винарниците треба да биде продолжен од три на 18 месеци, по што би следувале уште 18 месеци за отплата, со фиксна каматна стапка од еден процент.

Левица реагира и на можноста произведеното вино да се користи како обезбедување за кредитите, оценувајќи дека тоа може да биде вино произведено од грозје кое во моментот на заложувањето сè уште не е целосно исплатено на лозарите.

Партијата бара воспоставување државен откупен центар и државна дестилерија за преземање и преработка на вишокот грозје, како и законски механизми за заштита на производителите од намалување на договорените откупни цени.

Од Левица потсетуваат дека во јули предложиле измени на Законот за вино со кои би се укинала можноста откупувачите да ја намалат однапред утврдената цена за грозјето до осум проценти, но предлогот не бил прифатен.

Партијата бара од министерот Борче Серафимовски да објасни дали слични кредитни услови – камата од еден процент, 18 месеци грејс-период и дополнителни 18 месеци отплата – им се достапни и на индивидуалните земјоделци за инвестиции во механизација, наводнување и сопствени преработувачки капацитети.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img