домаМакедонијаПовредените по сообраќајката кај Миладиновци се во стабилна состојба

Повредените по сообраќајката кај Миладиновци се во стабилна состојба

- Advertisement -spot_img

Бројката на жртви во сообраќајни незгоди за една година се намалил за околу 40 проценти, поточно заклучно со авгус во 2025 година во сообраќајни незгоди настрадале 96 лица, додека во истиот период годинава таа бројка е 61.

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го промовираше системот „Безбеден град“ за Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, според кого тоа е заслуга на поголемо почитување на сообраќајните правила од страна на возачите во земјава.

Изјавата на Тошковски инаку доаѓа само на еден ден откако во две одделни сообраќајни незгоди животот го загубија три лица, а шест се повредени.

Инаку ноќта на 12 септември во близина на преминот Стража во судар на две возила животот го загуби 21-годишниот Даниел Николовски, а тројца беа повредени, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди, а само три часа подоцна во близина на полициската хеликоптерска база „Брест“, на патот кај Миладиновци во директен судар на две возила животот го загубија два члена од едно семејство, тако и син, додека ќерката е тешко повредена, а со многу тешки повреди се здобиле и двете момчиња од другото возило.

Мерџановски притоа апелираше на внмателно и одговорно возење, поради како што рече зачестените сообраќајни несреќи, во кои згаснуваат млади животи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img