домаМакедонијаМакедонците во Германија во дипломатска офанзива против бугарската иницијатива

Македонците во Германија во дипломатска офанзива против бугарската иницијатива

- Advertisement -spot_img

Централниот совет на Македонците во Германија презеде координирана дипломатско-политичка акција по најновата иницијатива во бугарското Собрание, која, според организацијата, претставува обид за негирање на македонскиот јазик и македонската нација. Управниот одбор на Советот испратил формални протестни писма до бугарската амбасада во Германија, германското Министерство за надворешни работи, Комитетот за човекови права на Бундестагот, како и до европските институции. Од Централниот совет велат дека со ова реагираат на, како што оценуваат, „отворен прекршок на европските вредности“ и бараат институциите да се произнесат за најновите случувања во Бугарија.

„Централниот совет за овие чекори официјално ги извести и Амбасадата на Република Македонија во Берлин, како и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје“, се наведува во соопштението.

Според организацијата, целта на дипломатската акција е да се постигне целосна координација со македонските институции и да се заштитат националните интереси во услови на, како што велат, засилени обиди за оспорување на македонскиот национален и јазичен идентитет. Советот најавува дека ќе продолжи да ги информира германските и европските институции за сите, како што ги нарекува, активности насочени против македонскиот јазик, нација и идентитет.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img