Поради планирани активности за изведување водоводен приклучок со профил Ф-225 мм на улица „Отокар Кершовани“ б.б., кај Амбулантата Бит Пазар, утре, 15 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“ и „Крсте Мисирков“ бр. 14, како и Амбулантата Бит Пазар.
Прекинот е предвиден да започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите и санирање на дефектот.






