домаМакедонијаОгромни количини отпад пловат низ Вардар – најмногу ѓубре има кај тетовско...

Огромни количини отпад пловат низ Вардар – најмногу ѓубре има кај тетовско Сиричино

- Advertisement -spot_img

Реката Вардар секојдневно се соочува со алармантни еколошки инциденти и загадување од несовесно човечко дејствување. Експертите предупредуваат, секое неприродно постапување врз реката е потенцијална здравствена опасност и за севкупното население.

Неделава огромни количини отпад повторо пловеа по реката Вардар, како неколку пати годинава и лани, а сега ѓубрето беше забележано кај тетовско Сиричино. Денес претпладнево, низ Гостивар, со часови Вардар течеше со непрепознатлива бела боја и непроѕирност на водата.

На реката не и требаат човековите отпадоци, таа треба да го чува својот природен тек. Секоја постапка која е спротивна на природните процеси во иднина негативно ќе влијае врз целокупното население, предупредува пензионираниот специјалист по здравствена екологија, д-р Ратко Давидовски.

На пример, фрлената пластика во реката, почнува да се разградува па микро честички преку водата, храната и рибите стигнува и до луѓето.

„Течението на реката Вардар под земја е дупло пошироко отколку на површината што е Микропластиката навлегува во подземните води, а преку подземните води може да се загадат бунари, покрај течението на реката Вардар и сите подземни води“, вели Давидовски.

Загадувањето на Вардар и на било која друга река не е само еколошки, туку и јавно здравствен проблем. Има документирани студии каде што се докажува дека загадените реки влијаат луѓето да се разболуваат.

„Едно од последните испитувања покажува дека од 10 случаи на рак на простата, во 9 се најдени значи 90 посто микропластика, меѓутоа засегнато е секое ткиво, најпрво од кожата – иритација на кожата“, вели тој.

Докторот потсетува дека човековото несоодветно оштетување на речните води носи опасност и за флората и фауната.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img