СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. Од партијата велат дека актуелната минимална плата не ги покрива основните трошоци за живот.
Според нив, синдикалната кошничка достигнува околу 70.000 денари, а со трошоците за домување семејниот буџет надминува 90.000 денари. СДСМ предупредува дека најголем дел од минималната плата се троши за храна и основни потреби.
Опозициската партија ја обвинува Владата дека троши средства на луксуз и привилегии, како концертот на Дејвид гета, наместо за подобрување на животниот стандард.






