До крајот на годината граѓаните имаат уште два продолжени викенди и двата во октомври.
Првиот неработен викенд е на Денот на народното востание на 11 октомври кој се паѓа во недела па ќе се префрли во понеделник, а вториот е на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба што се паѓа во петок.
Ноември е месец кога нема државен празник, а во декември има уште еден неработен ден – 8 декември – Денот на Св.Климент Охридски, но тој се паѓа во вторник.






