16-годишен малолетник е тешко повреден откако изгубил контрола над електричен тротинет и паднал.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила синоќа во 22:30 часот.
Малолетникот, кој е од Мала Речица, тетовско управувал со електричен тротинет кога изгубил контрола и паднал.
Со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што повредите биле констатирани.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.






