Синоќа во 23:45 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Teaрце ја лишиле од слобода И.М.(60).
Како што се наведува во полицискиот билтен, 60-годишната И.М. била уапсена, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:55 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнала нејзината 31-годишна снаа.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






