Во деновите пред 8 септември 1991 година, низ весниците се ширеле повици до граѓаните масовно да излезат на референдум.
Во зачуваните примероци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ може да се види како изгледала кампањата за историското изјаснување, објави 4news.mk
Објавени биле прогласи, повици и самото референдумско прашање, а во општините низ државата се организирале трибини и собири на кои граѓаните се запознавале со значењето на референдумот.
Интересен детал е и големиот формат на тогашните весници – значително поголем од денешните изданија.
Од денешна перспектива, старите страници покажуваат колку интензивно се подготвувала државата за 8 септември.
Историскиот датум не се појавил одеднаш. Неговото доаѓање било најавувано денови и недели однапред – на улиците, на собирите, но и на страниците на весниците.






