Седумдесет и двегодишен државјанин на Полска е тешко повреден откако со четирицикл изгубил контрола и паднал во близина на охридското село Куратица.
Според информациите на МВР, на 6 септември 2026 година во 16:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека М.Л.Ц. (72) управувал четирицикл по земјен некатегоризиран пат во близина на селото, при што изгубил контрола над возилото и паднал.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






