домаМакедонијаМојсоска: Агенција за храна и ветеринарство три месеци не ги објавува млекарите...

Мојсоска: Агенција за храна и ветеринарство три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко, директорот Миланов се занимава со AI-фотографии како му ја бакнуваат раката

- Advertisement -spot_img

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира дека Агенцијата за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Оливер Миланов веќе цели три месеци официјално не ги објавуваат млекарите кои продавале канцерогено млеко.

Како што посочува Мојсоска, станува збор за млекари кои продавале канцерогено млеко, а кои биле „казнети“ со, како што наведува, смешни казни. И покрај тоа што поминале три месеци, имињата на млекарите сè уште не се официјално објавени од страна на АХВ и нејзиниот директор.

„Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот Оливер Миланов цели три месеци не ги објавуваат официјално млекарите кои продавале канцерогено млеко и кои беа ‘казнети’ со смешни казни“, објави Мојсоска.

Во меѓувреме, додека, како што наведува пратеничката, АХВ сè уште не ги објавува официјално млекарите, директорот Оливер Миланов на своите социјални мрежи објавува AI-генерирани слики од себе.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img