Западнонилската треска ја зеде осмата жртва — почина 70-годишник од скопско Драчево кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести, потврди за Телевизија 24 министерот за здравство Клековски. Пациентот се лекувал на Клиниката за инфективни болести, бил во критична состојба и имал неколку коморбидитети. Од Здравство повеќе информации најавија за текот на утрешниот ден.






