домаШоубиз„Центарски улици 4“ во галерија: Студентски дела создадени во живо на Светскиот...

„Центарски улици 4“ во галерија: Студентски дела создадени во живо на Светскиот ден на уметноста

- Advertisement -spot_img

Изложба инспирирана од атмосферата, луѓето и уметничката енергија на манифестацијата „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“ ќе ги претстави делата на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН.

На изложбата ќе бидат прикажани слики создадени во живо за време на манифестацијата, како непосреден уметнички одговор на случувањата во јавниот простор. Студентите, граѓаните и уличните уметници заеднички го одбележаа Светскиот ден на уметноста, претворајќи ги улиците во простор за создавање, комуникација и слободен израз.

Манифестацијата „Центарски улици – Светски ден на уметноста“ е дел од Годишната програма за култура на Општина Центар, а ја реализира „Тим Театрос К“. Според организаторите, изложените дела ја пренесуваат динамиката на јавниот простор и атмосферата на улицата, прикажувајќи ја како место каде што се среќаваат различни форми на креативност, дијалог и уметнички израз.

Преку непосредното создавање на делата, студентите ја документираат енергијата на настанот, но истовремено покажуваат и како јавниот простор може да стане отворена сцена за современо уметничко творештво.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img