домаМакедонијаАлбанија и Македонија ја зајакнуваат соработката во цивилното воздухопловство

Албанија и Македонија ја зајакнуваат соработката во цивилното воздухопловство

- Advertisement -spot_img

Властите за цивилно воздухопловство на Албанија и Македонија потпишаа Договор за техничка соработка, со цел продлабочување на регионалната соработка и размена на експертиза во областа на воздухопловството.

Договорот беше потпишан во Скопје, во рамките на разговорите за иднината на воздухопловството во Југоисточна Европа. На средбата учествуваа претставници на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Евроконтрол), како и претставници на воздухопловните власти од земјите во регионот.

Од албанската Власт за цивилно воздухопловство (CAA) велат дека зголемениот воздушен сообраќај и промените во воздушните текови предизвикани од геополитичките случувања создаваат потреба од дополнително зајакнување на капацитетите, отпорноста и соработката меѓу земјите од регионот.

За Албанија, меѓу главните приоритети се развојот на аеродромските капацитети и воздушниот простор, модернизацијата на управувањето со воздушниот сообраќај, како и унапредувањето на цивилно-воената соработка.

Според CAA, договорот со Македонија претставува конкретен чекор кон размена на знаења и експертиза, развој на институционалните капацитети и унапредување на регионалната соработка во воздухопловниот сектор.

„Во еден сè повеќе меѓусебно поврзан систем, предизвиците во воздухопловството не завршуваат на националните граници“, порачаа од албанската Власт за цивилно воздухопловство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img