домаМакедонијаГАК: По 82 дена, малата хероина Бисера, родена само 960 грама, си...

ГАК: По 82 дена, малата хероина Бисера, родена само 960 грама, си оди дома

- Advertisement -spot_img

ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) сподели прекрасна вест за најголемата животна победа на малата Бисера и порача дека денеска е ден за солзи радосници.

По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега (ОИНТ), како што велат од ГАК, малото, а толку големо чудо — малата Бисера, конечно го правила својот најважен чекор и заминала дома, во прегратките на своите родители каде што ѝ е местото.

Бисера се роди во 27 г.н со телесна тежина од 960 грама. Бисера уште од својот прв ден покажа што значи да се бориш без збор, а да кажеш сè. Со секој изминат ден, со секое отчукување на срцето и секој самостоен здив, таа ни одржа лекција за храброст, за волја и за животна сила . Таа не беше само пациент — таа беше нашата мала хероина, нашата дневна инспирација и потсетник зошто оваа професија е толку света. Секој монитор што чукаше во нејзиниот ритам, секоја промена на нејзиниот апарат, секоја непреспана ноќ и секој нежен допир преку инкубаторот беа дел од една невидлива, но нераскинлива врска“, велат од ГАК.

Оттаму додаваат дека во тие 82 дена, целиот тим дишел во ист ритам со неа, помагајќи ѝ да ги надмине сите препреки.

Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство, ја чувавме секоја нејзина мала победа и со страв и надеж чекавме да дојде токму овој ден“, посочија од ГАК во емотивната објава.

На нејзините родители им честитаа на несекојдневната трпеливост, тишината која ја носеле со големо достоинство и вербата која ниту за момент не ја изгубиле, притоа нагласувајќи дека тие биле нејзиниот најсилен столб, а таа нивна најголема светлина.

„Драга мала Бисера, сега кога си ги пакуваш невидливите крилја со кои ги прелета сите пречки, ти посакуваме дома да те дочекаат само смеа, топлина, безгрижни денови и прегратки кои никогаш не завршуваат. Расти здрава, жива и среќна, сјај силно и никогаш не заборавај дека уште од првите денови на овој свет покажа дека си вистински победник. Денес ОИНТ испраќа еден мал дел од своето срце дома. Среќен пат кон новиот почеток, мила Бисера!“, ѝ порачаа од ГАК на малата хероина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img